-->
-->
Странска влада стои зад кибер нападот врз австралискиот парламент
-->
Кибер нападот врз австралискиот Парламент, со кој е извршен упад во мрежите на клучните политички партии, најверојатно го извршила странска влада, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, но не го именува „осомничениот“.
-Нашите кибер експерти верувааат дека софистициран државен актер е одговорен за оваа злонамерна активност. Исто така, дознавме дека со нападот се погодени и мрежите на некои политички партии- либерали, лабуристи и националисти – рече Морисон во обраќањето во Парламентот.
Морисон, меѓутоа, не откри кои информации истекоа, но рече оти нема доказ за мешање во изборите. Нападот на серверот на австралискиот Парламент е извршен на 8 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички