Стотина мигранти сместени во транзитниот центар Табановце
Околу 100 мигранти, претежно жени и деца, од меѓуграничната линија на Македонија и Србија вчера попладне и денеска се префрлени и сместени во четири големи шатори, донација од „Лекари без граници“ во транзинтиот центар Табановце.
- На граничната линија има уште 300 мигранти од кои дел сакаат да се префрлат, а дел не. Ќе видиме како ќе се одвива состојбата во текот на денот. Во меѓувреме полицијата откри 40-тина економски мигранти во товарен воз и тие се сместени во центарот, изјави координаторот на центарот, Горан Стојановски.
Групата од 437 мигранти кои пристигнаа со воз на 7 март не успеа да го продолжи тразитот кон север бидејќи српската страна одлучи да не пропушта мигранти. Тие четири дена поминаа на отворено во меѓуграничната линија сместени во мини шатори.
Во тразитниот центар Табановце има околу 1450 мигранти. Капацитетот веќе е надминат, но надлежните велат дека имаат услови да обезбедат храна, вода, медицинска помош, облека и други услови за мигрантите и бегалците.
Во Општата болница во Куманово помош била пружена на шестмина мигранти, а Центарот за јавно здравје извршил дезинфекција на површина од 2.600 метри квадратни. Вчера е одржан и состанок со невладините организации при што е договорен начин на дистрибуција на храна поради зголемениот обем на работа, информираат денеска од РЦУК.
Во центарот се работи и на поставување канализациони цевки и се врши сервис на постоечките тоалети.
Ново на Сител
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско