-->
-->
Стотици товарни камиони ги блокираа патиштата во Бразил, со барање за оставка на Русеф
-->
Стотици возачи на товарни камиони вчера го блокираа движењето по автопатиштата во 12 од 26 сојузни држави на Бразил, јави ТАСС.
Учесниците во протестот упатија кон Владата барање за зголемување на платите, намалување на цената на горивото и оставка на претседателката Дилма Русеф.
Протестите беа организирани од општественото движење Национално управување на транспортот преку социјалните мрежи.
- Ние сме аполитични, се бориме за спасување на земјата, а тоа е можно само со оставка на Дилма Русеф, без разлика дали тоа ќе го стори доброволно или преку импичмент, изјави Фабио Роки, еден од лидерите на организацијата.
Синдикатите на транспортните работници не го поддржаа протестот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен