Џет-Сет
30. July 2018 - 10:11

Стотици граѓани се простија од музичката легенда: Со песните на Оливер се простија од морскиот волк - Галебот го продолжува летот

Сплит, Задар и Вела Лука се простија од музичката легенда Оливер Драгојевиќ, кој почина во 71 година. На плоштадите грашаните ги  пееја неговите песни.

Околу триста Сплитќани се насобраа во чест на музичката легедна пред старото градско собрание, а на скалите пред зградата стоеше женска клапа која држеше ритам.

Пееше и Вела Лука

Од Оливер се простија и во Вела Лука. Граѓаните се собраа пред неговата куќа и запеаја.

Се простуваше и Задар

И во Задар се насобраа граѓаните на Народниот плоштад за со песна да се простат од музичката легенда.