Бизнис
13. August 2020 - 12:04

Стопиран прометот преку Македонска пошта

Стопиран платниот промет во земјата и во странство преку Македонска пошта.

Директорот Рустеми за Сител вели дека од утринава граѓаните и правните лица кои сакаат да вршат уплати преку Пошта, не можат да го сторат тоа, затоа што имаат склучено договор со Еуростандард банка.

Со пропаѓањето на Еуростандард, се додека не се склучи договор со друга банка, не смее да врши платен промет.

Како ќе продолжат со работа, ќе одговараат попладнево на прес конференција.

 

Наташа Мерсовска