Ракомет
23. March 2020 - 18:38

Стоп за мак-ракометот на недоредено време

Актуелната состојба со ситуацијата кај нас ги натера Ракометната и Фудбалската федерација да преземат соодветни мерки. 
 
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека сите активности ги прекинува на недоредено време. 
 
Како што информираа од РФМ, одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот Ковид-19.
 
„Ве известуваме дека Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории.
 
Од РФМ велат дека ситуацијата ќе се следи и доколку се создадат услови за продолжување на натпреварите во сите конкуренции невремено ќе бидат информирани сите засегнатите .