Бизнис
27. May 2024 - 11:22

Столтенберг: НАТО е најуспешен сојуз во историјата

На Самитот на НАТО во Вашингтон во јули ќе ја прославиме годишнината од најуспешната алијанса во светот – НАТО, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијансата Јенс Столтенберг на почетокот на својот говор на Парламентарното собрание на НАТО во Софија.

– НАТО е најуспешниот сојуз во историјата затоа што знае како да се менува и да се приспособи во свет кој постојано се менува.

И на средбата, освен да славиме, мора да покажеме дека НАТО се менува и се приспособува, истакна Столтенберг.

Како пример за тоа тој го посочи зачленувањето на Шведска по долгогодишно партнерство со НАТО.