Столтенберг: Ковид-19 не смее да стане безбедносна криза
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска предупреди дека вирусот Ковид-19 не смее да стане безбедносна криза.
Во интервју за бриселскиот портал Еуроактив, тој рече дека светот мора да се бори против вирусот Ковид-19, но во исто време мора да се обезбеди здравствената криза да не стане безбедносна.
– Во исто време, ние мора да се бориме против вирусот Ковид-19, но исто така да се занимаваме и со други закани и предизвици со кои се соочуваме, рече Столтенберг и ја нагласи промената на глобалната рамнотежа со подемот на Кина и поголема упорност на Русија.
На прашањето дали тоа предизвикува загриженост во Алијансата, Столтенберг рече дека членките на НАТО „треба сериозно да го сфатат секој обид за искористување на здравствената криза за ’пренесување лажни наративи, дезинформации и пропаганда’“.
Столтенберг исто така истакна дека воените способности на НАТО се релевантни и во соочувањето со здравствената криза, поради што одбранбените средства можат да му дадат на цивилното општество поголема способност која може да се искористи „во криза како оваа“ во која, како што вели Столтенберг, „воениот персонал постојано им помага на здравствените работници на линијата на фронтот“.
– Отпорноста е основна задача за НАТО. Тоа всушност е нешто што е загарантирано во Договорот за основање на НАТО, кој наметнува одговорност да ги направиме нашите сојузници отпорни и на заканите по здравјето, заклучи Столтенберг.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово