Столтенберг: Кина не е наш непријател, но загрижени сме што многу инвестира во воена опрема
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот сојуз не ја смета Кина за непријател, но дека е загрижен за големите вложувања на Пекинг во воена опрема.
– Северноатлантската алијанса не ја смета Кина за непријател, но секако подемот на таа земја ќе има директна последица за нашата безбедност. Кина инвестира многу во воена опрема, вклучително и ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави, рече Столтенберг.
Тој вели дека Кина не ги споделува вредностите на западните земји, што може да се види од начинот на решавање на демократските протести во Хонг Конг и во третманот на малцинските Ујгури.
На почетокот на овој месец, Столтенберг ги повика САД и ЕУ да работат на обновување на нивниот сојуз, доколку сакаат да го решат проблемот со кинеското „насилство“ врз другите земји.
Тој го опиша однесувањето на Кина како „кршење на владеењето на правото и ја поздрави јасната посветеност на американскиот претседател Џо Бајден за обновување на сојузите и зајакнување на НАТО“.
Столтенберг посочува дека Европа и САД не се доволно големи кога се одделно, но дека заедно, Брисел и Вашингтон, претставуваат 50 проценти од светскиот БДП и 50 проценти од светскиот воен пазар.
Генералниот секретар на НАТО додаде дека, ако постои загриженост за подемот на Кина, нејзината воена и економска моќ, тогаш е уште поважно Европа и Северна Америка да бидат заедно во НАТО.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа