-->
-->
Столтенберг и вети на Украина испораки на тешко оружје
-->
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не смее да прави разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје за Украина и му вети на Кулеба дека ќе разговара за испорака на тешко оружје за НАТО.
Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата на денешната средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
– Украина води одбранбена војна, така што нема разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје – рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата, нагласувајќи дека ќе разговара со министрите за набавка на различно оружје, вклучително и тешко оружје.
– Земјите на НАТО веќе обучија десетици илјади украински војници. На нашиот состанок ќе ја разгледаме потребата од дополнително противтенковско и противвоздушно оружје, лесно и тешко оружје и многу различни начини за поддршка на Украина – рече Столтенберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?