Столтенберг: Дури и без територии, ИД останува закана
Коалицијата против џихадистичката група Исламска држава (ИД) ги ослободи речиси сите територии окупирани од терористите, но ИД останува закана дури и без територија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Според него, државите од антиџихадистичката коалиција треба да решат како да постапат со џихадистите. Тој прецизира дека НАТО ја поддржува коалицијата, но не учествува во нејзината работа, освен со доставените авиони-радари.
По повод дводневната средба на министрите за одбрана на Алијансата која почна денеска, генералниот секретар истакна дека се очекуваат одлуки за промени во командата на НАТО.
Се предвидува министрите да одобрят оспособување на оддел за набљудување на Атлантикот, преку кој минуваат комуникациите меѓу Северна Америка и Европа.
Вториот нов оддел ќе го координира распоредувањето војски на НАТО во Европа. Се очекува да биде утврдено и оспособување на центар за операции на интернет.
Министрите од НАТО ќе ги разгледаат првите национални планови за исполнување на целта - вложувањата во обранбените способности да достигнат два процента од БДП до 2024 година.
Столтенберг вчера соопшти дека само 15 од 29-те членки на НАТО изгледа ќе бидат во состојба на време да ја постигнат таа цел. - Извештаите покажуваат значителен напредок, но останува уште многу работа, објасни тој.
Вечерва ќе се разгледува соработката во областа на одбраната меѓу НАТО и ЕУ. Столтенберг изјави дека целта е двете организации е да се дополнуваат, како и дека ЕУ не може го да замени НАТО во областа на безбедноста.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството