Македонија
5. October 2017 - 15:35

Стојановски: Неодговорните политики на СДСМ во минатото затворија илјадници работни места

Гледаме дека секојдневно СДС држи изјави за работи кои сме ги изградиле, создале и оставиле на употреба и корист на граѓаните. И тоа е добро, поради тоа што граѓаните ќе може да ја направат разликата.

Нашите споменици се донесените фабрики, изградените музеи, театри, плоштади, спомениците кои ги остави СДС се уништените фабрики, стечајците, криминалот. Денес ќе потсетиме на еден таков споменик на криминалот на СДС.

МЗТ е еден од многу споменици кој ни го остави СДС од мрачниот период на транзицијата.

Во МЗТ својата егзистенција си ја наоѓаа 7.000 работници и нивните семејства. Тие заедно со 200.000 други работници беа буквално оставени на улица, а имотот на фабриките беше ограбен од страна на функционерите блиски на СДС.

Слична судбина имаа и „Годел" во кој згаснаа 1.900 работни места.

Неодговорните политики на СДС во минатото, затворија илјадници други работни места. Тешка и мачна судбина поради неодговорноста на СДС имаа и 1.450 од „Славија", 1.000 од „Газела" и 750 од „Треска-Мебел", кои сите до еден останаа без своите работни места.

Овие неми споменици оставени од СДС сведочат за едно матно време, во кое беа затворени 684 фабрики, време во кое над 200.000 луѓе ги загубија своите работни места. За судбината на работниците никој во СДС не се интересираше, но затоа беа заинтересирани за целиот капитал кој беше разграбен и поделен меѓу директорите блиску до власта на СДС.

СДС во 2006 година остави 38% невработеност и огромна стапка на сиромаштија. Со политиките во економијата кои ги креираше ВМРО-ДПМНЕ стапката на невработеност е сведена на 22.9%.

Денес тоа се повторува. Денес имаме пад на економијата, индустриското производство и извозот, намалени плати и зголемена невработеност.

Сето ова е на грбот на граѓаните и повторно СДС е на власт.

Граѓаните го гледаат тоа и затоа ќе ги казнат СДС за нивните неодговорни политики кон на претстојните локални избори на 15-ти октомври.