Македонија
11. August 2024 - 16:47

Стојаноски: ЈО да реагира за тендерот во РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ бара од Јавното обвинителство да ги истражи договорите за ремонт на РЕК Битола. Пратеникот Стојаноски тврди дека има два договори, еден од годинава и еден од лани, од иста компанија, но со разлика во цените од 150%.

Од СДСМ, пак, велат дека стравот од Венко Филипче кај ВМРО-ДПМНЕ е голем.

„Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете докажете си ги сите обвинувања“, пишува во партиското соопштение.