Стојаноски: Да се намалат царинските тарифи за репроматеријали во прехранбената индустрија
Денес на собраниската Комисија за финансирање и буџет, помеѓу другото беше и Законот за измена на законот за царинските тарифи во кој што по предлог на Владата се намалуваат царинските тарифи во неколку индустрии.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог, помеѓу другите индустрии, тука да влезат и царински тарифи на одредени производи кои што се користат како репроматеријали и во прехранбената индустрија, бидејќи сакаме да му помогнеме и на стопанството и на граѓаните во овие моменти кога инфлацијата и цените на храната растат вртоглаво на начин кој што покрај оние производи чија што цена е замрзната, да се намалат царинските тарифи за одредени други производи кои што се користат како репроматеријали и на тој начин да учествуваме во намалувањето на вкупната цена на производите, односно да бидам појасен, од една страна се намалуваат цените артиклите и на производите, а од друга страна, истите тие производи кои што користат репроматеријали од увоз не може на никој начин да пронајдат економска логика во истото.
Оние прехранбени производи кои што немаат замрзнати цени, доколку на овој начин би се намалила царинската тарифа за репроматеријалите што се користат за нивно производство и за финалната цена која што е во маркетите, би успеале да ја намалиме цената и на тој начин да им помогнеме на граѓаните во справување со овие предизвици кои што се захтевни за нивниот семеен буџет покрај тоа што можевме да видиме дека за само 30 дена синдикалната кошничка е накачена за цели 700 денари.
Ова наше барање беше квалификувано како легитимно од страна на министерот за финансии, но беше одбиено и на тој начин изразуваме жалење и на некој начин ги повикуваме синдикатите и граѓаните да се вклучат во овие наши барања за да можеме на некој начин да го намалиме ценовниот притисок во крајниот дел од артиклите кои што се продаваат и кои што ја сочинуваат потрошувачката кошничка на граѓаните.
Ви благодарам.
Изјава за медиуми на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието
Ново на Сител
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово