Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отворат предмет за хациендата на Каевски
Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ се уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиската, карантинската 2020-та година?
Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ која што ја претставува.
Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое што не смеат да молчат ниту Љупчо Николовски, како екс министер за борба со корупција, ниту пак актуелната министерка Славица Грковска за истото, сега со име „за политики за добро владеење“.
Имотот стекнат во 2020-та година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи е прашање од јавен интерес - директор на Агенција за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола.
Почитувани,
Корупцијата не е перцепција. Корупцијата е болест на општеството. Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта.
Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир