Стоилковски: Државата гори од пандемија и погреби, а Филипче и Заев возат мотори
Oва е новото Дубаи, oва е новото Мексико!
Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори.
Ова се Зоран Заев и Венко Филипче, кои што денеска низ Македонија се возат со нивните скапи мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани!
Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од Ковид 19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра.
Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација.
Наместо да ги гледаме Филипче, Заев како коленичат по фармацевските компании, како бараат вакцина повеќе, Филипче кажува дека се е под контрола и можеби ќе сме имале поголем бран следнава недела. И се качи на моторот заедно со неговиот шеф Заев да се возикаат низ Македонија.
Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересира големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде.
Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира.
Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.