Македонија
9. September 2021 - 15:49

Стоев испрати телеграма со сочувство до Османи по повод пожарот во болницата во Тетово

По повод пожарот што синоќа избувна во модуларната болница во Тетово, бугарскиот министер за надворешнии работи Светлан Стоев испрати телеграма со сочувство до неговиот македонски колега Бујар Османи, информира прес-службата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

– Во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во мое име, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив, се наведува во телеграмата за сочувство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за надворешни работи на Бугарија посака наскоро закрепнување на ранетите, како и „храброст и одлучност на властите во Република Северна Македонија во нивните напори да ги разјаснат причините и да ги надминат последиците од овој трагичен инцидент“.