Џет-Сет
15. August 2015 - 13:01

Стивен Спилберг ја продава луксузната јахта бидејќи му била мала

Славниот режисер Стивен Спилберг одлучи да ја продаде својата луксузна јахта „Seven Seas“, бидејќи нејзината големина повеќе не му одговара. 

Јахтата, која повеќе не ги задоволува високите стандарди на режисерот, е вредна околу 170 милиони евра, а долга 85 метри. Има огромен базен со стаклено дно, кое симулира изглед на кино-екран, простории за масажи, теретана, најскап мебел...

Меѓутоа, Спилберг порачал нова јахта која ќе чини 225 милиони евра и ќе биде подолга од сегашната за 5,5 метри.

Режисерот се одлучил на ваков чекор бидејќи сака да помине повеќе време крстарејќи со пријателите, па затоа му е потребенпоголем простор.