Стипендии за македонски студенти за студирање во Русија
Руската Влада распишa конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во образовни институции на Руската Федерациjа во 2018/2019 академска година, соопшти руската Амбасада во Скопје.
Во согласност со планот за прием, квотата за Република Македонија е 40 места. На запишаните студенти од Македонија, руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.
Кандидатите имаат можност да се запишат за студии во неколку стотини образовни институции низ целата Русија кои се под надлежност на руските министерства за образование и наука, за здравство и за култура. Доколку степенот на владеење на руски јазик за усвојување на основната професионална образовна програма е низок, се обезбедува бесплатно изучување на јазикот на подготвителен факултет.
Кандидатите треба да се регистрират во електронскиот систем на Russia.Study (http://www.russia.study). На сајтот ја пополнуваат анкетата и прикачуваат скенирани документи што се потребни за учествување на конкурсот (крајниот рок е 16 март). Кандидатите, кои ја помале анкетата, ќе бидат поканети за интевју. Во втората фаза ќе се изврши избор од страна на образовни институции кои се подготвени да примат странски државјани на обучување.
Подетални информации за конкурсот се објавени на сајтот на Амбасадата на Русија во Македонија (macedonia.mid.ru).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“