Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
Претседателот на САД Доналд Трамп е против идејата на претседателот на Русија Владимир Путин да се воспостави странска управа во Украина под покровителство на ОН и западните земји, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.
- Да, знаеме дека Русија предложи привремена администрација во Украина, но претседателот Трамп не ја одобри таа идеја. Украина е уставна демократија и нејзиното управување го определуваат Уставот и украинскиот народ, изјави Брус синоќа на брифингот за новинарите.
Според неа, Вашингтон има намера да продолжи да работи со Москва и Киев за мирно решавање на конфликтот, со цел „да ги доведе двете страни на преговарачка маса.“ Притоа, портпаролката на Стејт департментот истакна дека во овие преговори двете страни треба да „донесат тешки одлуки и компромиси.“
И од Белата куќа посочија дека Трамп не ги прифаќа последните изјави на претседателите на Русија и Украина.
- Тој зборуваше за тоа што, според него, треба да се случи за конфликтот да заврши. Продолжува упорно да работи на тоа, изјави вчера портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит. Претходно, Трамп во интервју за „Ен-Би-Си“ изјави дека бил „многу лут“ и „бесен“ откако Путин ја доведе во прашање легитимноста на Зеленски и предложи да се разговара за воспоставување надворешна управа во Украина. Тој се закани со вторични санкции за увоз и користење на руска нафта.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци