Стејт департмент: Приштина да ја преиспита одлуката за укинување на српскиот динар
Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми.
– Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, со цел да се ублажи влијанието што овие одлуки ќе го имаат врз граѓаните, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Исто така се истакнува загриженост на САД за регулирањето на Централната банка на Косово, како и дека Србија има право да обезбеди финансиска помош за припадниците на српската заедница на Косово.
– Загрижени сме дека декретот усвоен на 27 декември ќе има негативно влијание врз етничката српска заедница во Косово, се додава во соопштението Стејт департментот и го потсетува косовскиот премиер Албин Курти за преземените правно обврзувачките обврски, меѓу кои и формирање на Заедницата на српските општини.
Ново на Сител
-
Пожар под Калето во Скопје, интервенираат четири противпожарни возила
-
Истрага за убиството во Батинци
-
Претежно стабилно и топло време по продолжениот викенд
-
Запалена спортска обложувачница во Бутел - Пожарот го зафатил и соседниот објект
-
Пронајден 61-годишен маж во безсознание на клинички – По кратко време починал
-
Кампањата на Камала Харис во јули собра 310 милиони долари
-
ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални
-
Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот и заедничка цел за подобра држава