Стефковски: Започнуваме со контрола на сите угостителски објекти и згради
Од општина Гази Баба ја информираат јавноста дека Секторот за инспекциски работи при Општината почнал со вонреден инспекциски надзор врз угостителските објекти и станбени згради кои се наоѓаат на територија на Гази Баба.
- Инспекцискиот надзор ќе се реалзира во две фази. Правата фаза ќе опфати контрола на сите угостителски објекти по што ќе се изготви анализа на состојбата за исполнување на законските обврски и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. За секој угостителски објект каде што ќе се нотира неисполнување на законските обврски истиот ќе биде пријавен за постапување на надлежните институции. За втората фаза е изготвен план за посета на сите станбени згради на територија на општина Гази Баба со цел контрола на хидранските мрежи, пристапите и излезите од објектите за колективно домување, информираат од Општината.
Согласно Законот за домување и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради, како што истакнува Градоначалникот Бобан Стефковски, испратено е писмено известување до управителите и претседателите на Заедница на сопственици на станбени згради дека е потребно на видно место (во влезот во ходникот на приземјето на станбената зграда) да се истакне упатство за постапување во случај на природни или други несреќи (план за евакуација), да се изврши набавка и проверка на заедничките инсталации и уреди во станбената зграда (ППЗ апарати, хидранти, лифтови и др.) и доколку се утврди дека не се во функција да се пристапи кон нивна замена, како и да се изврши проверка во заедничките делови на станбената зграда дали се чуваат предмети или материјали кои можат да предизвикаат зараза, пожар или друга несреќа и доколку се чуваат да се пристапи кон нивно отстранување.
Дополнително до сите општински основни училишта, детски градинки и ЈКП Гази Баба 2007, доставено е укажување со кое секоја институција, установа или претпријатие во согласност со Закон и без исклучок е должна да има Елаборат за заштита од пожари и опасни материи, Правилник за заштита од пожари и експлозии, Процена од природни непогоди и несреќи, План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, Противпожарни апарати и противпожарни апарати за електрична инсталација, Хидранти со црево и млазници, Инсталирање на детектор за чад и водени прскалки низ ходниците, Сигнални светилки за движење, како и шематски приказ за евакуација.
-Апелираме за исполнување на законските норми од страна на сите, бидејќи толеранција нема да има за никој. Каде што ќе се утврди неисполнување на законските норми ќе следува санкција од надлежна институција, вели градонашалникот на општина Гази Баба.
Општина Гази Баба согласно своите надлежности ќе направи се што е потребно за зачувување на безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот