Стефковски: Исполнето уште едно ветување, учениците добија бесплатни униформи
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес ги подели бесплатните униформи на учениците од ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Учениците во ООУ „Наум Наумовски Борче“ ги добија бесплатните униформи.
Посебно сум среќен што денес имав можност да ги поделам бесплатните ученички униформи на учениците во општинското основно училиште Наум Наумовски Борче.
Ова е за прв пат, општина Гази Баба да обезбедува бесплатни ученички униформи за сите 6800 ученици.
Со реализацијата на овој проект обезбедуваме социјална еднаквост и на еден начин ги надминуваме економските и класните разлики кои можеби постојат помеѓу семејствата и овозможуваме тоа да нема никакво влијание врз учениците.
Приоритетна активност на учениците останува да биде зголемување на знаењето.
Како градоначалник на општина Гази Баба сум посветен на создавањето на амбинет во кој учениците за време на престојот во училиштата ќе се чувствуваат пријатно, еднакво и без никакви предрасуди.
Проектот бесплатни ученички униформи беше дел од мојата изборна програма со која ја побарав довербата од граѓаните и од денес тој станува реалност, што претставува доказ дека дадените ветувања се исполнуваат. - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп