Македонија
21. November 2021 - 13:50

Стефковски и во недела на терен, се асфалтираат улици во Трубарево

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 21.11.2021 година (недела) направи увид на градежните работи за асфалтирање на улица 5 во населеното место Трубарево. Оваа улица со години беше оставена во лоши услови. За асфалтирањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна, на која напиша:

Убавото време носи реализација на нов проект‼️

Граѓаните од улица 5 во Трубарево повеќе нема да газат во кал.

Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните.

Чекор по чекор, Гази Баба се гради и менува.

Општина Гази Баба