Стефковски: Барам Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба.
За иницијативата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:
„Сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Градот Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба.
Имено на предлог на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, Советот на Град Скопје на својата 67ма седница оддржана на 30 Март 2021 година донел Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Градот Скопје.
Без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици помеѓу кои: Фуштанска, Радован Ковачевиќ, краци од Благоја Стефковски, крак од улица Товарник и други улици на нашата територија.
До мене како градоначалник, изминатиот период пристигнаа голем број на реакции од граѓаните што ги сметам за оправдани, бидејќи без дијалог и согласност од граѓаните не се донесуваат одлуки. Барањата на граѓаните се и мои барања.
Некој воден од лични и политички причини во пресрет на тогашните локални избори спровел нетранспарентен процес и затоа барам истиот во целост да биде поништен.
Од првиот ден на мојот мандат кажав дека секогаш ќе бидам на страната на граѓаните на општина Гази Баба, така било до сега и така ќе биде секогаш“, напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
-
Мицкоски: Владата потврди 270 општински проекти за кои ќе се вложат 4 милијарди денари
-
Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово
-
Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието