Ставрески: Растот на индустријата показател за добрите економски политики
Растот во индустријата во август од 12,7 проценти е знак дека македонската економија се наоѓа на добра патека и дека годинава ќе заврши со добар економски раст. Потврда за тоа е и вчерашниот извештај на Светска банка со кој е оценето дека Република Македонија заедно со Црна Гора има највисока економска стапка во регионот и највисок економски раст, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- Тоа е добро бидејќи имавме сложена политичка ситуација и растот на индустријата во такви околности претставува силен одговор на стопанството дека политичката стабилност и долгорочните економски политики се најдобрите и најважните услови за раст на економијата. Сметам дека остварениот раст е значаен бидејќи опфаќа широк број на гранки во индустријата, а посебно преработувачката индустрија како стожер на индустриското производство расте со 8,5 проценти во август, изјави Ставрески.
Според него, индустријата оствари таков раст бидејќи, како што рече, стопанствениците ги гледаат долгорочните политики како стабилни и како добри, а пред се даночната политика и политиката во делот на работните односи, како и мерките како што е „Македонија вработува“, привлекувањето на странските инвестиции и другите економски политики.
- Имаме раст и во работењето на странските компании кај производството на машини и опрема, но и во сегментот на традиционалните индустриски дејности како што текстилната, производството на мебел, тутунската... Причина за остварениот раст е и Буџетот каде што со добрата ликвидност каде што во првите осум месеци од годината со добрата ликвидност и редовното сервисирање на сите обврски кон стопанството овозможивме компаниите што е можно помалку да ги почувствуваат последиците од политичката криза и да имаат редовно подмирување на обврските од Буџетот, рече Ставрески.
Очекува слични движења на економијата да има и до крајот на годинава и македонската индустрија да ја заврши 2015 година со добра стапка на раст.
- Тоа ќе биде составен дел на вкупниот раст на македонската економија и ќе влеземе во 2016 година со стапка на раст која ќе биде меѓу највисоките во регионот, потенцира Ставрески.
Ново на Сител
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода