-->
-->
Стартуваа натпреварите во фудбалскиот Куп на Македонија
-->
Попладнево ќе се одиграат девет натпревари од првата елиминациска рунда во националниот фудбалскиот куп, а екипата на Металург е првата која избори пласман во следната фаза откако вчера со 3:0 славеше победа над Сатеска.
Во оваа фаза од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија нема да има прволигашки дуел, па затоа екипите кои се натпреваруваат во Првата лига ја имаат улогата на фаворити.
Сите натпревари ќе започнат од 17 часот, а двојките се:
ЗФК Новаци – Скопје
Љуботен – Хоризонт Турново
Чаклани – Работнички,
Вардар Неготино – Шкупи
Академија Пандев – Македонија ЃП
Влазними – Тетекс
Малеш – Силекс
Еуромилк ГЛ – Ренова
Беласица – Пелистер.
Дуелите Скендербеу – Вардар и Големо Коњари – Шкендија ќе се играат на 24 и 31 август.
Пласман во осминафиналето веќе место имаат обезбедено и екипите на Победа, Кожув, Брегалница и Младост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК