-->
-->
Стартува разигрувањето за титулата во кошаркарскиот шампионат
-->
Со натпреварот МЗТ Скопје Аеродом – Блокотехна започнува разигрувањето за шампионскиот трофеј во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Во договор се четирите екипи, решено е полуфиналните дуели да не се играат во ист ден, односно, секој ден почнувајќи од денеска да има по еден натпревар.
Така љубителите на кошарката ќе имаат можност да ги проследат завршните возбудувања, без притоа да мораат да прават избор меѓу еден или друг меч.
Полуфиналната серија денеска ја отвораат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна со средбата која се игра во СЦ „Јане Сндански“ кој започна до 19 часот.
Во истиот термин утре во салата „Градски парк“ ќе играат Работнички и Куманово.
Полуфиналето се игра во три добиени натпревари, по принципот (дома-гости-дома...).
ПЛЕЈОФ - 1/2 ФИНАЛЕ
МЗТ СКОПЈЕ – БЛОКОТЕХНА
Прв натпревар, Скопје, 08 мај - вторник, 19 часот
Втор натпревар, Негорци, 11 мај - петок
Трет натпревар, Скопје, 13 мај - недела
РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО
Прв натпревар - Скопје, 09 мај - среда, 19 часот
Втор натпревар, Куманово, 12 мај - сабота
Трет натпревар, Скопје, 14 мај – понеделник
*Доколку е потребно ќе се играат четвртиот (Негорци и Куманово) и петиот меч (двата во Скопје)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место