Бизнис
29. April 2022 - 16:35

Стартува медијацијата СОНК - Влада, преговорите продолжуваат каде што запреа

Почна помирувањето меѓу СОНК и Владата. Денеска беше одржан првиот состанок на тимовите на двете страни со медијаторот. На првиот состанок и СОНК и владините претставници ги претставуваат своите барања. Помирувањето почнува од таму кај што застанаа преговорите во понеделникот. И натаму важи понудата на Владата за покачување на платите за 12% и К15 од следната година, која членството на СОНК во вторникот ја одби. СОНК останува социјален парнтер вели министерот за образование. Заедно ќе се утврдува новата методологија за платите, новата стратегија за развој на образование. Тие ќе отвораат можности за натамошно зголемување на платите по завршувањето на моменталната криза. Шакири е оптимист дека медијацијата ќе даде подобар резултат од штрајкот.

Адвокатите на СОНК велат дека вчера откако стигнало барањето за медијација, Синдикатот нема друг избор освен да го стави штрајкот во мирување.

И синоќа пред СОНК дојдоа незадоволни наставници кои протестираа за начинот на кој штрајкот беше ставен во мирување. Неделков вели дека овој синдикат има најдемократски методи на одлучување со вклучување во гласањето на сите, но дека тој не може да биде англиска кралица и од страна да ги набљудува случувањата.

СОНК стапи во штрајк на 11 април и децата изгубија три недели од наставата. Според првичните проценки, има можност учебната година или да заврши навреме, или да бид епродолжена за пет дена.