Живот
28. August 2020 - 12:19

Стартува 15-от меѓународен филмски фестивал Астерфест

Јубилејното, 15-то издание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест ќе се одржи онлајн. Фестивалот започнува вечерва под мотото „Движења, патеки“ и ќе трае до 31 август. Прикажувањето на кусометражната филмска програма е планирано да започне со македонската премиера на осум минутниот краток игран филм „Телефонско дежурство“. Соочени со препреките што ги наметна пандемијата, но и заради запазување на континуитетот, организаторите годинава се одлучиле за едно вакво видо изменето издание фестивалот, но со надеж и план за враќање на концептот со класичните проекции догодина.

Селекцијата на фестивалот оваа година е составена од 30-тина кратки филмови од разни страни на светот, но и од македонската продукција. Во натпреварувачката програма има  и добитник на Оскар, звучни наслови и имиња од Европските филмски награди, БАФТА, Трибека, како и неколку врвни дебитантски дела. Исто како и во изминатите 14 години ќе бидат доделени златна, сребрена и бронзена потковица, награди за кои ќе одлучува интернационално стручно жири. Годинава лауреат на престижната награда „Астер“  е легендата на балканскиот филм, режисерот Пиро Милкани. Тој наградата ја добива за неговиот монументален филмски опус.