Македонија
28. March 2024 - 16:49

Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај

Конститутивната седница за новиот парламент, по изборите на 8 мај, треба да почне на 28 или 29 мај, информираше денеска спикерот Митрески. Тој, според правилата на новиот Деловник, ќе треба да ја свика првата седница по претходна консултација со партиите што влегуваат во новиот парламентарен состав. Доколку Митрески не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник.

Седницата на која ќе се верификуваат мандатите на новите народни избраници, но и и на која треба да се избере нов собраниски спикер, според новиот Деловник трае 3 дена, односно се очекува да заврши до 1 јуни.

Сепак, бидејќи претседателот на Собранието е една од функциите кои се дел од коалициските договори за Влада, незивесно е дали ваквата седница може да биде прекината се до постигнување на политички договор.

Иако изборите се на 8 мај, а веќе на 9-ти ќе се знаат имињата на новите пратеници, сепак стариот парламентарен состав ќе треба да одржи седница и во периодот меѓу 8 и 12 мај, седница за инагурција на новиот шеф на државата имајќи пред вид дека мандатот на Пендаровски истекува токму на 12 мај.

Имено, мандатот на овие пратеници трае се додека не бидат верификувани мандатите на новите нардони избраници, а Собрнаието спорд Уставот е во постојано заседание.

Сепак, овој парламентарен состав поради изборните кампања ќе ја прекине делумно својата работа. Денеска се одржа последната планирана седница до 4 април, иако Митрески остави простор до тогаш да свика и уште една нова седница доколку има нови точки за расправа. Неофицијално, се работи за две точки: анекс на договорот за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево- Охрид, но и околу набавка на лесни околопни возила од САД.

Поради итни прашања, седница може да има и среде кампања.