Живот
22. July 2015 - 10:20

Старица од 99 години ја известиле дека е бремена

Британката Дорис Ејлинг беше изненадена кога по извршените анализи на крв, од болницата доби известување  дека е бремена.  

Оваа 99- годишна жена од Богнер Риџис, во Сасекс, доби на домашна адреса писмо во кое пишувало што побрзо да закаже гинеколошки преглед и за таа прилика да донесе примерок од урина. Од болницата, исто така, ја известиле и за очекуваниот датум на породување.

- Наскоко полнам 100 години, па како би можела да бидат бремена?, праша старицата која оваа необична приказна ја раскажа на таблоидот „Сан“.

- Имам три деца и 20 внучиња, а последен пат бремена бев пред 70 години, наведе таа со смеење, додавајќи дека на писмото дури било наведено и нејзиниот датум на раѓање 21 ноември 1915 година.

Во болницата Фетхејм, која во меѓувреме се извини на Дорис за непријатноста, рекоа дека „станува збор за административна грешка“, некој од надлежните едноставно ги сменил анализите.

Како и да било, случката добро ги насмеа членовите на семејството на Дорис.

- Беше многу забавно, мајка ми секогаш се шегува и сите многу се смеевме. Тоа е една од оние чудни работи кои се случуваат, рече 76-годинишниот син на Дорис, Брајан.