-->
-->
Стапуваат во сила санкциите против филијали на руски банки во Украина
-->
Украинската централна банка соопшти дека санкциите против филијали на руски банки во Украина ќе стапат во сила од денеска.
Тие ќе вклучуваат забрана за финансиски операции, кои се од корист за централните на тие филијали.
Пет руски банки, сопственост на руската држава, се присутни во Украина со комбиниран пазарен удел од 8,6 отсто и пасиви од 36 милијарди гривни (1,3 милијарди долари). Банките Сбербанк, ВЕБ и ВБТ се меѓу 20-те најголеми кредитодаватели во земјата.
Украина веќе им забрани на тие банки да ги зголемуваат депозитите поради тензиите во односот меѓу Киев и Москва во врска со анексијата на Крим и поддршката на Русија на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта