Стапката на слободни работни места 1,44 отсто, се бараат над 7000 работници
Во вторниот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,44 проценти, односно дека имало 7.199 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,59 проценти или 585 слободни работни места, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,24 или 20 слободни работни места.
Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,93 проценти, односно имаат слободни 1795 работни места. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 отсто, но најголем број работници се бараат во скопскиот 3581.
Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања - работници во услужни дејности и продажба.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија