„Стандард“: Примерот на Скопје е доказ зошто стопирање на проширувањето претставува грешка
Примерот со Северна Македонија на која не и одобрен почеток на преговорите за членство во ЕУ, покажува зошто целосното запирање на проширувањето на ЕУ би претставувало огромна грешка, оценува виенскиот весник „Стандард“.
– Проширувањето на ЕУ не е премногу популарно. На некои нови членки, пред се на Романија и Бугарија, на почетокот им недостигаше зрелост за Унијата, а Полска и Унгарија по зачленувањето драстично назадуваа во политиката култура. Државите од Западниот Балкан, кои се наоѓаат пред вратата на ЕУ и жестоко тропаат на таа врата, се уште потешки случаи – сиромашни, корумпирани и далеку од демократско владеење на правото, наведува весникот.
„Стандард“ смета дека францускиот претседател Емануел Макрон не треба да биде осудуван поради ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, бидејќи „таквите преговори, порано или подоцна, водат кон членство независно од тоа дали тие земји ги исполните условите реално или само на хартија“.
Според весникот, иако Франција и Холандија можеби имаат добри аргументи со барањето за нови правила за прием, сепак примерот со земјава покажува „зошто целосното запирање на проширувањето на ЕУ би претставувало огромна грешка“.
– Европската перспектива е најсилниот мотор за демократски и стопански реформи и решавачки придонесува за мир во овој многу несигурен регион. Пристапниот морков претставува геополитички лост од кој Брисел не може да се откаже, посебно поради влијанието на Русија и Кина, констатира „Стандард“.
Според весникот, Владата во Скопје потрошила „многу од својот политички капитал, кога се согласи на промена на името на државата за да го реши спорот со Грција, со што ги исполни условите на Брисел и очекува вистинска награда за тоа“.
– Ако изостане наградата, тоа ќе го ослаби проевропскиот табор и ќе ги зајакне националистичките сили, наведува виенскиот весник, оценувајќи дека одлуката за одржување предвремени избори во земјава „не претставува добра веста за ЕУ и за регионот“.
„Стандард“ смета дека исполнувањето на дадените ветувања е единствен начин ЕУ да ги одржи во живот надежите за членство на земјите од Западен Балкан.
– Бесконечните преговори не се решение, бидејќи во еден момент тие ќе ја загубат својата смисла. За земјите од Западен Балкан би можело да се размисли за условено членство на една деценија или подолго, кое би било ограничено и би можело да биде повлечено. Европа имаше свои искуства кога една земја ќе влезе во ЕУ, да дојде до брзо намалување на влијанието на Западот, заклучува „Стандард“.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари