Стаменковска бара оставка од Манчевски и Филипче
Дополнителната заменичка – министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојковски преку својот Фејсбук профил денеска побара оставка од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и од министерот за здравство Венко Филипче.
Саменковска во статусот на Фејсбук, реагирајќи на изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манечевски, наведува дека позитивен случај на КОВИД 19 е потврден и во Министерството за информатичко општество и администрација и во неколку други државни институции.
– Скандалозна и политичка е објавата на Дамјан Манчевски чиј приоритет е партијата и тесно партиски цели на СДСМ, а не вработените во јавниот сектор. И после оваа реакција можам само да заклучам дека заслепениот Дамјан Манчевски единствено се грижи за партиската агенда зошто каде било да се сврти ќе ги види институциите кои секој ден се вбројуваат во нови кластери а подрачните центри на ПИОМ и ФЗО веќе ставија клуч на врата. Дали Манчевски знае дека во институцијата во која тој е министер за жал веќе имаме позитивен случај на Ковид-19?, пишува Стаменковска.
Наведува дека позитивни случаи се потврдени во Град Скопје, Државниот просветен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Секретаријатот за европски прашања, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Општина Гази Баба, Државниот инспекторат за труд…..
– И колку Манчевски треба да набројуваме за да разберете дека јавниот сектор е оставен сам на себе, а соодветни мерки за заштита нема, се задоцнети или се недоволни, напиша Стаменковска на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ