Стадата овци во дебарско ги напуштија летните пасишта
Сточарите од општините Дебар и Центар Жупа со своите стада ги напуштија бачилата и летните планински пасишта на Бистра, Стогово, Мала и Голема Мегданица.
Тоа поради ниските температури кои владеат во зимскиот период во ова порачје.
- Нашите сточари кои се познати по номадското сточарење,односно миграцијата на стадата,веќе ги преселија своите стада од летните во зимски пасишта. Од околу 40 илјади грла овци пола од нив главно од Центар Жупа се сместени во Пелагонскиот регион, додека дебарските сточари, овците ги сместија во сопствени штали, вели Арбен Муладаути, овластен раководител на дебарската подрчна единица на Министертвото за земјоделство шумарство и водостопанство.
Преселбата на стадата сега, вели тој, за сточарите е многу полесна откако во изминатите две години државата вложи многу во подобруањето на патната инфраструктура.
- Подобрената патна ифаструктура, електрификацијата, изградбата соодветни корита и слично, но пред се финансиската подршка, преку субвенции кои ги дава државата, позитивно влијаат во зголемувањето на стадата овци, но и на лицата кои се занимаваат со сточарство, додава Муладаути.
Тоа го потврдува и официјалната статистика, според која во 2010 година имало околу 30 илјади додека оваа околу 40 илјади грла овци, сопственост на стотина сточари од двете општини.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари