ССНМ предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници по којзнае кој пат предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите, особено кога коментирајќи состојби во општеството влегуваат во сегментот на уредувачката политика на медиумите.
ССНМ смета дека е недозволиво политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи само затоа што не им се допаѓа содржината.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговиот јавен говор пред присутните на партиска трибина директно нападна една национална телевизија поради тоа што во својата информативна програма пренела одредено расположение на граѓани, односно искажано незадоволство на студентите од висината на студентскиот оброк.
Потсетуваме дека со замолчувањето на медиумите, се замолчува гласот на граѓаните, а ваквите вербални таргетирања од политичари чијшто збор треба да има тежина може да предизвика и ограничување на слободата на медиумите.
Политичарите мора да имаат поголемо чувство за последиците од нивните јавно искажани зборови кои допираат до одреден број на нивни следбеници и со тоа создаваат атмосфера за негативни чувства кон новинарите и медиумите, кои што според искуството речиси секогаш резултирале со вербални, па дури и со физички напад врз медиумските професионалци.
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници - ССНМ
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала