-->
-->
ССМ: Во погодените региони од невремето штрајкот во мирување
-->
На итна седница на штрајкувачкиот одбор - Претседстелството на ССМ по електронски пат за потреба од ставање на генералниот штрајк во мирување во регионите погодени од невремето во Општините Делчево, Виница и Демир Капија заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од невремето есногласно изгласа дека генералниот штрајк ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.
По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100% од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето.
Нашите колеги синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените.
Сојуз на Синдикати на Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица