Македонија
2. April 2024 - 16:50

ССМ му даде жолт картон на Врховен, најави црвен по 1 мај ако не ја поништи одлуката

Жолт картон за Врховниот суд, кој пресуди да и се одземе зградата на ССМ и да и се даде на државата. Ако не ја поништат одлуката до 1 мај, ќе добијат црвен картон. Раководството на Синдикатот најавува порадикални протести, тужба во Стразбур, а на секој кој ќе влезе во работничкиот дом, ќе му биде возвратено – синдикалците ќе влезат во нивните домови.

- Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови – доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови. Отстапка назад нема, доведени сме до ѕидот, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Тројца судии од Врховен лани во ноември донесоа пресуда со која работничкиот дом во центарот на Скопје се дава на владение на државата. Според ССМ, судот не ја почитувал одлуката на Уставен донесена во 1992-та година, во која се вели дека државата нема право да одзема имот на синдикатите. Од ССМ очекуваат нова пресуда, по барањето поднесено пред еден месец за повторување на постапката. Повиикаа судиите да судат врз основа на право и докази, за да победи правдата.