ССК потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Торино
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Торино ќе организираат заеднички активности за интензивирање на бизнис соработката и ќе спроведуваат заеднички проекти.
Меморандум за соработка е потпишан на денешната средба во ССК со делегацијата од Стопанската комора и од Општината на Торино, која е во неколкудневна посета на Македонија.
Соработката помеѓу двете комори започна како иницијатива на претседателите на двете комори по остварената средба во рамки на Светскиот коморски конгрес во Торино минатата година.
Од ССК соопштуваат дека соработката со Стопанската комора на Торино е значајна од повеќе аспекти меѓу кои и фактот што според националното законодавство во Италија, коморите се задолжени за креирање и ажурирање на Бизнис регистарот на сите компании во таа државва и можат да излезат директно во пресрет на бизнис потребите за соработка на компаниите од Македонија.
- Комората на Торино и општината на градот Торино остваруваат континуирана и силна соработка и претставуваат значаен партнер на ССК со кој во иднина ќе се спроведуваат голем број на бизнис активности како бизнис форуми, работни средби, размена на информации, застапување на бизнис интересите на членовите на двете комори и спроведување на потенцијални европски проекти, се вели во соопштението од ССК.
- Соработката со Стопанската комора на Торино ќе принесе за зајакнување на деловните врски и квалитетот на размената на релевантни бизнис информации помеѓу компаниите од двете држави како и дополнителна промоција на македонските компании на италијанскиот пазар, истакна Александар Зарков, оперативен директор на ССК.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице