ССК очекува откажување на нарачки од Грција
Сигурно ќе има откажување на нарачките поради актуелната ситуација во Грција, меѓутоа ниту Европската унија ниту Грција нема да дозволат да се случи нешто поголемо, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.
Заменик-претседателот на Комората Сеад Кочан денеска изрази надеж дека ситуацијата во Грција ќе се надмине бидејќи продолжуваат иницијативите од Европската унија.
- Ќе има откажување на нарачките затоа што Грција е држава која е во т.н. технички банкрот меѓутоа како што гледаме сепак Европската унија продожува со иницијативите, а Европската централна банка веќе дава пари за грчките банки. И челните луѓе на Европската унија веќе заседаваат и бараат решение така што сигурен сум дека ниту Грција, ниту Европската унија нема да дозволат нешто поголемо да се случи, изјави Кочан, одговарајќи на новинарско прашање пред потпишувањето на меморандумот за соработка со општина Гази Баба
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото