Балкан
22. May 2016 - 9:13

Српскиот претседател во љубовен триаголник

Хелена Михиќ, поранешна новинарка и мис на Југославија, на која шефот на српската држава и напишал три љубовни песни, за српски Курир открива дека Николиќ сакал да се ожени со неа и дека сеуште ја сакал.

Претседателот Томислав Николиќ бил подготвен да се разведе од сопругата Драгица и да се ожени со атрактивната мисица, на која дури и посветувал и љубовни песни, открива Курир. Семејната драма во домот на Николиќ ја потврдува дамата која се нашла во љубовниот триаголник - поранешната мис на Југославија и новинарка Хелена Михиќ. Таа за весникот сведочи дека од Николиќ добила брачна понуда, но таа турбулентна 1993 година го оставила поради скромното образование.

Иако тврди дека му возвраќала само со пријателство, признава дека со Николиќ, тогаш заменик претседател на Српската радикална странска, делела стан.