Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
„Денеска е Велики петок, ден на тага и болка, но и ден на надеж. За жал, кај нас и на најголемиот христијански празник некои луѓе со насилство се обидуваат да ја уништат државата и нејзините темели“.
На својот профил „будуќностсрбијеав“ ги повика надлежните државни органи да преземат мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што следуваат за сите прашања во согласност со Уставот и законот.
„Она што не смее да им се дозволи е слободно да продолжат со малтретирање, шиканирање и уништување на животите на сите граѓани. Затоа ги повикувам надлежните државни органи да преземат различни мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што ни претстојат согласно Уставот и законот. За да се воспостави правниот поредок, да се заштитат јавниот ред и мир, да биде целосно јасно дека Србија како држава функционира и барам тоа да го направат што е можно повеќе без употреба на сила. Тогаш кога е неопходна сила, во тој случај таа треба да биде најмалку можна за да се решат работите“.
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.
РТС, чии згради на улицата Таковска и на Кошутњак се блокирани од студенти од понеделникот, објави денеска дека работи под најтешки услови досега.
„Сите редакции, новинари на терен, вклучително и млади соработници, технички и продукциски тимови, не по нивна вина се доведени во ситуација да немаат соодветна заштита неопходна за нормално извршување на нивните работни задачи“, објави РТС на својата веб-страница.
Јавниот сервис им се извини на гледачите затоа што биле принудени значително да ја намалат програмата.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба