Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, а очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад, пренесе Бета.
На состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) Вучевиќ додаде дека обврска и одговорност е да не се дозволи некој да ја пали, уништува и урива државата и општеството затоа што е бесен и лут.
-Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме.
Дотолку повеќе што одговорноста на СНС е најголема затоа што доби најголема поддршка од граѓаните, нагласи Вучевиќ.
Вучевиќ, кој е и претседател на СНС, по седницата изјави дека во наредните денови очекува уште оставки.
Тој додаде дека на Претседателството на партијата се разговарало за конкретни имиња кои треба да сносат политичка одговорност, јави ТВ Н1.
-Кога велиме дека очекуваме од нашите членови политички да се борат, тоа не значи дека некој некого аболира или амнестира од кривично-правна одговорност, или од политичка одговорност, рече Вучевиќ.
Како што наведе, кога кажуваат дека мора да ја спасат државата, тоа значи дека на несреќа не можеме и не смееме да ја уништиме државата.
Запрашан дали на состанокот на раководството на СНС се разговарало и за конкретни имиња кога станува збор за оставки, на кои тој и Вучиќ претходно инсистираа, тој одговори потврдно.
-Што се однесува до одговорноста, на претседателството разговаравме конкретно и со имиња. Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе ќе сносат политичка одговорност за тоа што се случи.
Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт очекувам уште оставки, нагласи тој, пренесе Бета.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје