Српскиот Кризен штаб ќе предложи за влез во Србија да се прават ПЦР тестови
Епидемиологот Предраг Кон во врска со можните предлог мерки против епидемијата пред претстојните празници, кога се очекува доаѓање на голем број луѓе од странство, изјави дека медицинскиот дел на Кризниот штаб предложил на границите да се прават тестови за коронавирус.
Тој истакна дека најважно е да се разгледа пристигнувањето на српските државјани од странство.
-Тука мора да се направат подготовки, ќе мора да има карантин и изолации, за што ќе се разговара на следниот состанок. Затворањето на границите е тешко, но медицинскиот дел од кризниот штаб нема да има ништо против ако тоа биде државна мерка, истакна Кон.
Запрашан да ги коментира извештаите во медиумите дека веќе има закажувања за новогодишни прослави, Кон одговори дека „не е реално да се очекува дека ќе бидат укинати сите мерки (ограничувања на собири) за толку кратко време“, дури и да станува збор за оние што ја прележале короната и кои се чувствуваат „безбедни“.
Кон за ТВ Прва изјави дека проблемот е во тоа што и понатаму е потребна голема хоспитализација поради „ковид-19“, поради што голем број белграѓани сè уште се лекуваат надвор од Белград, без оглед на новата болница во Батајница и дека издржливоста на здравствениот систем е на нејзините крајни граници.
Според денешните официјални податоци, во последните 24 часа во Србија починале 56 лица како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 2.005, соопштија од Министерството за здравство.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 15.697 лица биле тестирани за коронавирус и регистрирани се 6557 нови случаи на инфекција.
На респиратори се наоѓаат 283 пациенти , а вкупно хоспитализирани се 8.209 лица.
Од почетокот на епидемијата, официјално потврдени се 226.209 случаи на инфекција. Стапката на смртност е 0,89 проценти.
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови