-->
-->
Српски медиуми: Уште една жртва на морбили, здравствен работник
-->
Уште едно лице почина од морбили, објави Б92.
Според информациите на српските медиуми, станува збор за жена, која била здравствен работник, вработена во Институтот за ревматологија.
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут" вчера објави дека четиригодишното дете од Врањска бања починало од морбили и дека тоа е шеста жртва на мали сипаници.
Во Србија и во општините со мнозинство српско население во Косово, од октомври до денеска, од морбили се заразени 2.896 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија