Српската полиција уапси седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“
Српската полиција синоќа приведе седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“, по блокадата на пругата Лозница-Зворник кои се противат на ископ на литиум во областа Јадар.
Претходно полицијата се обидела да преговара и, според нивни активисти цело време провоцирале членови на тоа здружение.
-Клучниот момент беше кога го уапсија Небојша Петковиќ, а потоа почнаа да преговараат. Луѓето не сакаа да се тргнат од колосек. Ова е безобразно и непристојно.
Над 15 полицајци го влечат Златко Кокановиќ, кој тежи 80 килограми, претпоставувам за да му докажеме на некој во Белград, не знаеме која била целта, во основа, блокадата била планирана за два часа поради тоа што Уставниот суд планира да го направи в четврток во интерес на народот да ја прекине оваа приказна со рудникот, изјави Маријана Петковиќ од тоа здружение.
Таа повика на протест в четврток пред Уставниот суд кој треба да ја поништи одлуката на Владата на Србија за укинување на просторниот план Јадар.
Во Лозница вчера е уапсен Небојша Петковиќ, активист на Здружението, а како што потврди активистот Златко Кокановиќ, синоќа полицијата го уапсила него и уште тројца активисти, пренесе Бета.
Активисти на здружението „Не го даваме Јадар“ вчера два часа ја блокираа железничката пруга кај Лозница, поради можноста Уставниот суд, како што најави директорот на движењето Крени-Промени Саво Манојловиќ, в четврток, на 11 јули, да ја усвои иницијативата на компанијата Рио Тинто и да ја укине одлуката на Владата на Србија за укинување на просторниот план Јадар.
Според српски медиуми, уапсениот активист Небојша Петковиќ бил повикан од српскиот претседател Александар Вучиќ да направи полиграф за да одговори на прашањето „кој е платен од Рио Тинто“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и духот на македонската Република
-
Гаши: Ова е значаен празник за сите граѓани
-
2 Август Илинден - 121 година Илинденско востание и 80 години АСНОМ
-
Културно забавно пулсирање во Охрид за Илинден
-
Преглед на вестите од светот
-
Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор
-
Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип