Српската полиција уапси млад човек кој со ракетен фрлач срушил мала зграда
Поголемиот дел од жителите на Платичево не ни знаеле што се случило денеска додека полицијата не дошла на местото на настанот, каде околу 14 часот и 15 минути се случил инцидент, по што бил уапсен П.Н.. Како што неофицијално дознава „Нова.рс“, станува збор за млад човек кој неодамна бил пуштен од невропсихијатриска болница кој прво ја апалил напуштената зграда, а потоа внатре гаѓал со рачен ракетен фрлач.
„Не слушнав никаква експлозија. Почувствував дека нешто се случува кога дојдоа голем број полицајци, а дојдоа и болничарите. Слушнав дека лицето не е од тука, а не знам зошто поминал толку долг пат“, вели една жена која живее во близина на железничката станица, во близина напуштената зграда.
П.Н. наводно изјавил дека гледал филм на телевизија во кој имало пожари и пукотници, па решил да види како тоа изгледа во реалноста, пренесуваат медиумите во соседството.
Областа се уште ја обезбедува полицијата.
„Припадници на МВР Рума го уапсија П.Н.(1998), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и тешки дела против општата безбедност и во врска со предизвикување општа опасност веднаш по извршувањето на овие кривични дела.
Како што се сомневаат, тој денеска околу 14 часот испукал проектил од рачен фрлач во напуштената зграда на старата железничка станица во Платичево, општина Рума. Повредени нема, а во околината на тој објект нема други станбени објекти. На осомничениот, по наредба на Вишото јавно обвинителство Сремска Митровица, одредена му е мерка притвор во траење до 48 часа“, се вели во соопштението на српското МВР, пренесува медиумот.
Ново на Сител
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени