Срѓан Керим на 16. Доха Форум во Катар
Кандидатот на Република Македонија за функцијата Генерален секретар на ОН, Срѓан Керим се обрати на 16. Доха Форум во Катар, каде изложи пет точки во кои се сумираат движењата во светската економија во наредниот период.
Како што соопштијја од кабинетот на Керим, тој се осврна на индикаторите вклучувајќи го економскиот раст, демографските трендови, трговската политика, квалитативните промени во енергетиката, како и улогата на меѓународните институции. Посебно ја апострофираше улогата на ООН и Групата 20, во поврзувањето на економските движења и трендови со мирот и безбедноста во светот.
Меѓу референтите на форумот беа и претседателите на Авганистан, Маурициус, Нигер, како и министрите за надворешни работи на Катар, Азербејџан, Костарика и Аргентина.
Керим, кој е поранешен шеф на македонската дипломатија и претседавач на 62. заседание на Генерално собрание на ООН, се сретна со присутните кандидати за функцијата Генерален секретар на Светската организација, како и со министрите за надворешни работи на Катар, Азербејџан и Аргентина.
Ново на Сител
-
Собраниска седница за Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница
-
Голем пожар во Визбегово – Населението се евакуира, приведенo едно лице
-
Преглед на вестите од светот
-
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред пратениците
-
Стартува изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско